„Гугл“ складира огромни информации и детали од вашите навики во текот на веб-пребарувањето и вашиот секојдневен живот.
Но дали сте знаеле дека постои начин со кој можете да ги видите сите мали тајни што ги знае за вас - и да ги избришете засекогаш?
Можете да влезете во поставките и да добиете поголема контрола врз сите информации што „Гугл“ во иднина ќе ги има за вас.
Ќе се изненадите кога ќе дознаете дека откако ќе се логирате со вашата „Џмејл“ сметка на друг телефон или лаптоп, тогаш сите нивни пребарувања ќе бидат зачувани.
Исто така, „Гугл“ ги чува сите пребарувања што сте ги направиле на „Гугл мапс“, вашата точна локација и кои било клипови од „Јутјуб“ што сте ги гледале.
Што „Гугл“ знае за мене?
„Гугл“ ја следи вашата историја на веб-пребарување. Исто така, создава приватна мапа од тоа каде одите со вашите уреди на кои сте логирани, кои можат да бидат следени преку портал наречен „My Activity“.
Доколку користите „Андроид“ телефон, и вашите контакти, календар и апликации ќе бидат складирани.
Исто така, „Гугл“ ги складира и кратките аудиоснимки од вашиот глас направени со микрофонот на вашиот уред ако мисли дека зборувате со дигиталниот асистент. Плус, се складира и вашата историја од „Јутјуб“ и персонализираните реклами.
Гигантот за пребарување создава ваш личен профил врз основа на тоа што сте пребарувале - и ги користи информациите за да ви испрати специфични реклами.
Како да откриете што знае „Гугл“ за вас?
Прво, треба да се логирате во вашата „Џмејл“ или „Гугл“ сметка. Откако ќе го направите тоа, напишете „history.google.com/history“ во вашиот веб-пребарувач. Ќе влезете на страница што ги содржи сите информации за вас.
Ова ги вклучува и вашите пребарувања во мапата и вашите пребарувања на „Јутјуб“.
Како да ја видите веб-активноста што ја складира „Гугл“?
Кликнете на „Activity Controls“ на левата страна од страницата. Под „Web and App Activity“ кликнете „Manage Activity“.
Можете да ги избришете веб-пребарувањата или да ги изберете сите пребарувања и да направите да исчезнат.
„Гугл“ знае што телефон користите
Ако ја имате сметката на „Џмејл“ некое време, тогаш голема е веројатноста да сте ги надградувале телефоните со текот на времето.
Постои дел што ви кажува какви уреди сте користеле додека сте го пребарувале интернетот. Исто така, ова е корисна алатка која ви покажува ако некој се логирал со вашиот мејл.
Можете да влезете користејќи го табот „Sign-in & Security“.
Одете надолу до „Device activity & notifications“. Тука ќе пронајдете „Recently Used Devices“.
Како да го спречите „Гугл“ да ги складира вашите активности?
Одете „Activity controls“ и под „Web & App activity“ исклучете го синото копче.
Откријте кои реклами ви ги испраќа „Гугл“
Одете во „My activity“ - таму треба да видете линк за реклами. Откако ќе го кликнете, ќе ви биде претставен профил со персонализирани рекламни преференци.
Можете да го исклучите кликајќи го синото копче.
Како да избришете сè?
Под „Personal Info & Privacy“, одете „Control Your Content“. Кликнете „Download Your Data“.
Доколку сакате да избришете сè,
кликнете ги трите точки во десниот агол од „My Activity“ и изберете „Delete Activity By“.