X
 26.08.2017 Технологија

Како да препознаете дали некој ве следи преку вашиот паметен телефон?

Понекогаш е доволно да се препознаат чудните симптоми, понекогаш работите се малку посложени. Ова се знаци што покажуваат дека вашиот телефон веројатно е инфициран со спајвер.

Инсталирањето на апликации со кои би ве следеле може да се изврши на неколку начини, но најочигледен е физичкиот пристап на уредите. Ставете пин код, заклучете го уредот со отпечаток на прстите и не им дозволувајте на другите да имаат пристап до него.

„Jailbreaking“


Инсталацијата на шпионските апликации на ајфон бара процес под името „jailbreaking“ - заобиколување на вградени правила кои ја регулираат инсталацијата на софтверот од извор различен од „Епл“ продавницата. Ако некој го направил тоа додека вие не сте гледале, прегледајте ги инсталираните апликации. Ако видите икони како „Cydia“, „Icy“, „Installer“, „InIstallousa“ или „SBSettings“, тогаш врз вашиот телефон е извршено „jailbreaking“.

Следете го сообраќајот на податоци

Ако на уредот имате софтвер кој некому му ги испраќа вашите податоци, локација или снимки од разговори, вашата телефонска сметка ќе биде најдобрата трага за престапниците. Ако престапникот е во странство, вашата телефонска сметка ќе биде многу поголема од обично.

Видливи траги на шпионски апликации

Иако ова не може да се припише на апсолутно секоја апликација за смартфон, шпионските апликации знаат да го направат уредот да се однесува чудно. Доколку батеријата ви се празни побрзо без оглед на тоа колку вградени апликации имате или доколку телефонот е топол и кога не го користите, или пак му треба долго време да се исклучи - ова се само неколку знаци што покажуваат дека некој ве следи.

Чудни пораки

Ако добиете порака со многу компјутерски кодови или чудни броеви, можно е да се работи за „инструкциска“ смс порака или мејл кој напаѓачот го користи за активирање на некоја несакана функција на вашиот телефон.

Пронајдете спајвер

Погледнете во сите мапи на телефонот, доколку е можно. Пребарајте ги мапите со пораки и по можност започнете целосно скенирање на вашиот уред со помош на квалитетен антивирус.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија