X
 23.08.2017 Култура

Копродукциите „Реквием за госпоѓа Ј“ и „Устав на Република Хрватска“ - меѓу 51 најдобри европски филмови годинава

Два копродукциска филма во кои учествува Македонија се избрани меѓу 51.најдобри филмови што Европската филмска академија ги избра за 2017 година. Од нив во декември, на церемонија ќе бидат доделени награди во неколку категории.



Станува збор за „Реквием за госпоѓа Ј“ во режија на Бојан Вулетиќ, копордукција помеѓу Србија, Македонија и Бугарија и „Устав на Република Хрватска“ во режија на Рајко Грлиќ, копродукција помеѓу Хрватска, Словенија, Чешка и Македонија. Македонски продуценти на „Реквием за Г-ѓа Јулија“ е Томи Салковски од „Скопје филм студио“, а на „Устав...“ – Дејан Милошевски од „Револушн продакшн“. Филмот на Грлиќ беше прогласен за најдобар на филмските фестивали во Санта Барбара и во Монтреал. Музиката е на Дуке Бојаџиев, а се појавува и Јелена Јованова.

Главната улога во „Реквием за госпоѓа Ј“ маестрално ја толкува Мирјана Карановиќ. Премиерата му беше на Берлинскиот филмски фестивал, а на 21.Филмски фестивал во Софија ја доби наградата на филмските критичари ФИПРЕСЦИ.

И двата филма имаа одличен прием кај публиката кај нас.

Селекцијата е направена меѓу филмови на 31 земја, а филмовите ги гласаат членови од 20 земји. Во наредните недели, нешто повеќе од 3000 членови на Академијата ќе гласаат за номинации во категориите Европски филм, актер, актерка и сценарист. Номинациите ќе бидат објавени на Европскиот филмски фестивла во Севилја, Шпанија, на 4 ноември.

30-то доделување на Европски филмски награди ќе се одржи на 9 декември во Берлин.
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура