X
 14.11.2017 Забава

Нови трејлери од филмови и серии за оваа недела

Погледнете ги новите 7 трејлери од оваа недела:


1. „Круната“

Шоуто се враќа со втора сезона, а новите епизоди ја покриваат транзицијата во 60-тите години. Новата сезона ќе започне со емитување на 8 декември.



2. „50 нијанси ослободени“

Трилогијата е на самиот крај. Изгледа дека последниот дел ќе биде најинтересниот и тоа во акциска смисла. Изгледува наредната година на Св. Валентин.



3. „Коко“

Од овој анимиран филм се појавија неколку трејлери, но најновиот покажува многу повеќе од реалниот свет и семејството од кој доаѓа главниот лик. Премиерата е закажана за 22 ноември.



4. „Ете го... Џони!“

Нова комедија за 19-годишник кој добива работа во „Вечерното шоу на Џони Карсон“ во 1972 година. Серија која се вбројува и во комедија и во драма. Започнува на 16 ноември.



5. „Пост“

Нов филм на Стивен Спилберг за „Вашингтон пост“ и неговата борба за објавување информации од документите на Пентагон. Играат Мерил Стрип и Том Хенкс, заедно со уште многу други имиња. Филмот излегува на 22 декември.



6. „Мозаик“

Серија на Стивен Содерберг – може да се гледа преку апликацијата „Мозаик“ или може да се чека до премиерата на Ејч-би-о во јануари.



7. „Темно“

„Нетфликс“ со нова серија со криминална приказна во мал град, која можеби крие нешто поголемо и натприродно. Премиерата е закажана за 1 декември.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава