X
 10.10.2017 Економија

Дали го знаете точниот одговор на трик-прашањето од добитникот на Нобелова награда за економија?

vino
Фото: Pixabay

Нобеловата награда за економија е доделена на Ричард Талер од Универзитетот во Чикаго за придонеси во расветлувањето на психолошките фактори во донесувањето економски одлуки.

Талер во една прилика постави прашање кое во суштина го отсликува она што повеќето од нас не го сфаќаат кога станува збор за парите.

Пред да одговорите на прашањето, преправајте се дека сте колекционер на вино или барем некој што купува квалитетно вино и го има во својот дом веќе некое време.

Прашањето е следно:

„Колку би ве чинело да испиете шише вино што сте го купиле пред неколку години за 50 долари, а сега вреди 500 долари?“

Одговорот нема врска со виното, туку со економијата. Прашањето илустрира колку луѓето ги мешаат двата основни поими: реалните трошоци и потенцијалните трошоци.

Реалните трошоци се она што веќе сте го потрошиле. Веќе сте ги дале парите за нешто и не може да се направи ништо за да ги вратите. Во овој случај, тоа се 50 долари што веќе сте ги дале на шише вино.

Потенцијалните трошоци се цената на избор на една акција во однос на друга - во овој случај, тоа е што сте избрале да испиете шише вино, а не да го продадете за 500 долари, па дури и да го задржите и да го продадете за уште поголема цена во иднина.

Правилниот одговор на прашањето е дека ве чини 500 долари да го испиете шишето вино, бидејќи сте избрале да уживате во него, а не да го продадете.

„Повеќето луѓе велат дека не ги чини ништо. Некои луѓе дури и велат дека „заработуваат“ пари пиејќи го виното бидејќи претходно ги чинело само 50 долари. Тоа е ментална пресметка“, објаснува Талер.

Луѓето не се секогаш рационални кога станува збор за парите. Купуваме многу, а штедиме малку бидејќи просечната личност не мисли за парите целосно рационално, како што мислат економистите. Сепак, за почеток би можеле да прифатиме некои основни принципи на економијата за да бидеме во „реална“ добивка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија