Фото: Getty Images
Јужна Кореја е сред развивање на бомба што може да ги таргетира електричните мрежи и да ја направи електрониката на областа крајно бескорисна.
Познати како „бомби на затемнување“, овие уреди се фрлаат од авион на клучните централи. По ударот ослободуваат јаглеродни графитни филаменти способни за краток спој и нарушување на секој хардвер во близина што зависи од електрична енергија.
Ваквите бомби првпат биле користени од страна на морнарицата на Америка во 1991 година за време на Заливската војна, а потоа од страна на НАТО против Србија во 1999 година. Сега, Агенцијата за развој на одбраната на Сеул планира да ги користи овие бомби против системите за електрична енергија на Северна Кореја.
Бомбите ќе бидат искористени како дел од планот на Јужна Кореја во кој таа превентивно ќе лансира проектили во Северна Кореја, ако утврди дека земјата е подготвена да ги отпушти своите.
„Обезбедени се сите технологии за развој на графитна бомба предводена од Агенцијата. Во фаза е во која можеме да изградиме бомби во секое време“, изјави воениот претставник на корејската новинска агенција „Јонхап“.
Вестите за развојот на експлозивни бомби во Јужна Кореја пристигнуваат во време кога никој не знае сигурно дали Северна Кореја ќе ги реализира заканите за нуклеарна војна.
„Сè уште немаме откриено какви било знаци за итни провокации од Северна Кореја“, изјави јужнокорејски воен извор. „Ние одржуваме надградени набљудувачки напори за да се заштитиме од какви било настани“.
Јужна Кореја не е единствената земја што планира дејства во случај на најлошото од
Северна Кореја. И Велика Британија ги ревидира сопствените планови за битки за војна со диктатурата. Во меѓувреме, американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис изјави дека Америка „мора да биде подготвена“ доколку мора да реагира брзо на активностите на Северна Кореја.