X
 17.10.2017 Култура

Името на речиси секоја земја спаѓа во една од овие четири категории

име
Фото: AFP


Отсекогаш нè учеле да имаме чувство на гордост за сопствената земја. Кога ќе го слушнеме зборот Македонија, ние го поврзуваме името со одредени вредности кои се обидуваме да ги одржуваме во нашето општество.

Самото име на една земја има моќ да всади чувство на патриотизам кај луѓето насекаде низ светот.

Но вистинското потекло на имињата на земјите веројатно не ги одразува модерните идеологии со кои ги поврзуваме. Според „Quartz“, името на речиси секоја земја спаѓа во една од овие четири категории:

- Име на племе
- Карактеристика на земјата
- Насока во која се наоѓа земјата
- Важна личност

Категорија 1: Име на племе

Повеќето имиња на земјите се изведени од племиња, царства или етнички групи, особено земјите од Европа. Така, на пример, Италија е именувана по племето Витали, Франција по Франките, Швајцарија по Швиц луѓето, а Виетнам е именуван по Виет луѓето од југот.

Дeaхан Мингук се однесува на Јужна Кореја, што во превод значи „Големиот Хан“ по племето Хан.

Некои имиња потекнуваат од описот на жителите, како што е Папуа Нова Гвинеја, а папауа значи „сјајна коса“, додека гвинеја по африканските Гвинејци.

Категорија 2: Карактеристики на земјата

Втората најчеста група од која произлегува името се однесува на карактеристиките на земјата.

Алжир е именуван по главниот град Алир, што значи „островите“ и се однесува на островите што се наоѓале во близина на брегот на градот што станале дел од копното.

Името на Исланд самото објаснува, меѓутоа, е контрадикторно со оглед на тоа што земјата е „пренатрупана“ со зелен пејзаж. Најчестата приказна вели дека ѝ било дадено ова име за да ги измами потенцијалните доселеници да мислат дека е студена и непогодна за живот.

Слично на ова, Гренланд бил наводно именуван за да се поттикнат новите доселеници, иако во реалноста голем дел од оваа земја е прекриен со мраз.

grenland
Фото: iStock

Помалку позната приказна вели дека името на Исланд го дал норвешкиот викинг Храфна-Флоки Вилгердарсон, откако се искачил на планина и видел залив полн со ледени плочки.

Се претпоставува дека Христофор Колумбо ја именувал Костарика, што значи „богатото крајбрежје“, откако видел како домородците носеле злато.

Барбадос, „брадулестите“, го добил името по дрвото бањан што растело таму, а е познато како џиновска брадеста смоква.

Хондурас значи „длабочина“ или „длабока вода“, а Сингапур значи „лавовски град“, иако таму нема некои познати лавови.

Категорија 3: Географска положба


Постојат околу 25 земји што ги добиле своите имиња поради нивната локација.

Името на Австралија доаѓа од хипотетичкиот континент наречен Тера Аустралис Инкогнита што значи „Непозната јужна земја“, име измислено од античките Грци.

Нипон, името за Јапонија што често го користат локалните жители, значи „земјата на изгрејсонцето“ и се однесува на тоа дека Јапонија е источно од Кина.

Категорија 4: Важна личност

Останатите земји најчесто се именувале по истакнати историски личности.

Америка го добила името по италијанскиот истражувач Америго Веспучи, додека Филипините го добиле името по кралот Филип II.

Венецуелскиот воен и политички водач Симон Боливар именувал две земји по себе - Боливија, но и Венецуела, која го носи официјалното име Боливарска Република Венецуела.

Според некои историчари, името на нашата земја потекнува од Македон, синот на Еол.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура