X
 27.10.2017 Живот

Зошто независноста на Каталонија нема да успее?

жељко

Пресврт од четвртокот во петокот. Додека во четвртокот се чинеше дека каталонската коалиција крахира, и дека претседателот на каталонската влада Карлес Пуџимонт ја изгуби контролата па одби и јавно да настапува, во петокот се променија работите.

Очигледно ноќта била долга и се преговарало, па лидерите на партиите кои се залагале за независност, па и Пуџимонт, заклучиле дека најголема опасност за нив е да повикаат избори. Тоа била идеја на Пуџимонт, меѓутоа и тоа како ризична, затоа што можела да ги тргне од власт. Тоа било неприфатливо за двете партии од левицата, па ги притиснале и останатите: ако отстапиме од независност, нашите избирачи ќе нè сметаат за предавници. Ако Шпанците нè затворат, ќе станеме херои. И така ќе го започниме патот до независноста во која нашите имиња ќе се споменуваат низ историјата.

Пуџимонт, кој повеќе пати докажа дека не е лидер, повторно застана позади туѓо мислење и прифати независност. Сега Каталонците, оние кои се за независност, слават. И чекаат што ќе направи Мадрид. Шпанскиот премиер Мариано Рахој се надевал и бил сигурен дека Каталонците ќе поддржат избори.

Но во овие околности него му се отвора можноста за продолжување на неговото тактичко одолговлечување. Имено, Каталонија е независна само во теорија, но не и во пракса. Никој не ја признава и нема да ја признае - не е добро да се замери со Шпанија, една од најмоќните во ЕУ и доста влијателната Латинска Америка. Кога малку ќе помине еуфоријата, може со „хируршки“ движења малку по малку да се воведе шпанската власт, а тоа да не предизвика реакција кај јавноста.

Клучното прашање се безбедносните сили, односно локалната полиција. Но, заканата од губењето работни места е секогаш доволен поттик. Што и да се случи, клучно е едно: поради крв и емоции да не дојде до крвопролевање. Работите мирно да се решат, со политички дијалог.
Подготвил: Автор: Жељко Тркањеќ / Превод: Тамара

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот