X
 26.09.2017 Култура

„Глупавите правила го убиваат моралот!“

pravila
Фото: Pixabay

„Нема смисла да се изнајмат врвните шахисти, а потоа кон нив човек да се однесува како кон шаховски фигури. Добриот лидер е одличен слушател. Големиот менаџер е голем ментор. Ги охрабрувам сите вработени да мислат дека можат да победат“.

Гери Вајнерчук

Ова е текст објавен на „Линкедин“ од Олег Вишнеполски, глобален технички директор на „Дејли мејл онлајн“ и „Метро“. Ви го пренесуваме во целост:

„Мојот вработен ми даде отказ. Само што започнав да работам како менаџер во нова компанија, така што ова ме шокира. Прашав зошто. Рече дека се чувствува дека се задушува, дека се чувствува потценето, не гледа иднина во неговата кариера, а најголема причина е тоа што работи работа што никој друг не би сакал да ја работи.

Кога истражував малку подлабоко, открив дека неговиот претходен менаџер си ја зел интересната работа за себе, оставајќи ги рутинските задачи за вработените. Така, неговите најдобри членови од тимот почнале да даваат отказ, и во еден момент тој престана да биде ефективен. На крајот и тој си замина.

Овој вработен беше еден од најдобрите луѓе што останаа. Најдобрите луѓе секогаш најмногу страдаат поради лошото раководство.

Ми беше потребен многу труд за да го убедам да ми даде шанса. Беше уште потешко да составам тим и да ја стекнам неговата доверба.

За да раководите со паметни луѓе, не мора да бидете попаметни од нив. Треба да им дадете шанса да напредуваат, можност да блескаат и на крај да им покажете благодарност.

И јас еднаш дадов отказ.

Дојде нов шеф и ни кажа дека ќе имаме состанок секое утро во 8.30 часот. Сакаше да му покаже на директорот колку е мотивиран за напорна работа. Не постоеше ниту една друга причина зошто би имале секојдневни средби.

Му реков дека секое утро тоа време ја испраќам мојата ќерка до училишниот автобус, па го замолив да ги премести состаноците во 9 наутро. Неговиот одговор беше: „Вашите деца немаат мајка?“

Овој одговор за мене реши сè. Дадов отказ уште пред да најдам друга работа.

Дали се согласувате дека глупавите правила го убиваат моралот?“
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура