Шпаркасе Банка им нуди на своите клиенти потрошувачки кредит до 2.400.000 денари, со каматна стапка од 4,9 % и можност за флексибилни рати за целиот период на отплата, преку моделот „Рати по твој избор“. Со ова решение Банката им овозможува на клиентите кредит што се приспособува на нивниот буџет и на нивните реални месечни потреби.
Клиентите може да аплицираат за максимален износ на потрошувачки кредит до 2,4 милиони денари, што им овозможува да ги реализираат своите планови – од реновирање на домот, купување опрема или покривање поголеми лични трошоци, до други важни животни потреби.
Дополнителна предност е што поволната каматна стапка од 4,9 % е достапна при користење пакет-понуда на кредитна картичка Visa, дозволено пречекорување по платежна сметка и можност за бесплатен СМАРТ-пакет до крај на година, со што клиентите добиваат комплетно и интегрирано банкарско решение за управување со своите финансии.
- Потрошувачкиот кредит е креиран како целосно банкарско решение, кое на клиентите им овозможува поголема финансиска сигурност, фиксна каматна стапка, флексибилност и подобро планирање на личните трошоци - изјави Ивана Петревска, директорка на дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.
Преку моделот „Рати по твој избор“ клиентите можат однапред да изберат периоди кога сакаат да плаќаат пониска или повисока месечна рата, во зависност од нивните финансиски обврски, сезонски трошоци или лични финансиски приоритети.
Со оваа понуда, Шпаркасе Банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање финансиски решенија што се развиваат според реалните потреби на потрошувачите, овозможувајќи им полесно и пофлексибилно управување со личните финансии.
За повеќе информации, клиентите можат да ја посетат најблиската експозитура на Банката, да се јават во Сервисниот центар на 02 15 050 или да се информираат на веб-страницата
www.sparkasse.mk.
(Комерцијална објава)