Главната добивка од 3 милиони евра беше извлечена на белгиската национална лотарија, а ја освои група од 77 жители на градот Борнем, кои заедно ја извршиле уплатата.
Така, секој од нив добил по околу 39.000 евра, пренесуваат белгиските медиуми.
Откако било најавено дека џекпотот ќе достигне толку висока сума, мештаните кои редовно купуваат тикети во локалната продавница за весници „Летертрап“ се договориле да ги здружат силите и формирале група, при што секој уплатил по 15 евра.
Сопственикот на продавницата, Јоел Вербек, изјавил дека игра лото веќе 20 години, но никогаш досега не ја освоил главната награда.
Извлекувањето било во петокот, а Јоел во саботата дознал дека нивната група погодила шест броја.
- Многу сум среќен што сите 77 ја освоивме главната награда од повеќе од 3 милиони евра. Не можам да поверувам. Тоа значи дека секој од нас ќе добие по 39.000 евра - вели тој.
Тој не сакал да ги открие идентитетите на учесниците, иако мештаните биле љубопитни да дознаат кои се среќниците. Тој веднаш ги известил сите добитници, додавајќи дека најмногу го радува фактот што усреќил 77 луѓе.
Иако сумата од околу 40.000 евра е значајна, повеќето од добитниците сепак ќе продолжат да работат.
- Петок, 13 март, сигурно ќе остане ден што никогаш нема да се заборави во Борнем - вели Јоел.
Извор:
021.rs
Фото: Freepik