X
 11.01.2018 Култура

Во Лапонија е отворен хотел изработен од мраз, посветен на „Игра на троновите“


Хотел од мраз во Лапонија
(Фото: Lapland Hotels SnowVillage)


Во Лапонија, Финска, е отворен хотел кој целосно е посветен на тематиката од хит-серијата „Игра на троновите“.

Овој хотел, изработен исклучиво од снег и мраз, е сместен во населбата Китила, која се наоѓа на 200 километри над арктичкиот круг и на 90 минути оддалеченост од Хелсинки.

Хотелот има 24 соби, а од нив 10 се апартмани, наменети за гости што ќе одлучат да преноќат таму.

Хотелот е дизајниран од професионални скулптори од целиот свет, а во секоја соба се наоѓа по една скулптура од популарната ТВ-серија снимена врз основа на книгата од Џорџ Мартин - „Песна за оганот и мразот“.

Температурите се движат околу пет степени под нулата, па на гостите им се обезбедуваат топли вреќи за спиење.

Веруваме дека вистинските љубители на оваа серија не ќе можат да му одолеат на ова здание.







Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура