X
 05.02.2018 Живот

Успешна тајна за зголемување на вашата продуктивност, стара 100 години

метод

Се чини дека денес секој има тајна за зголемување на продуктивноста. Преземи ја оваа апликација! Купи го овој планер! Пробај го овој трик! Но понекогаш вреди да се послушаат старите совети. Ајви Ли, американски експерт за публицитет и основач на модерните јавни односи, има совршен метод за зголемување на вашата продуктивност.

На сите ни е познато одложувањето, нешто што Ајви Ли го знаел совршено. Во 1918 година, Ли, кој бил консултант за продуктивност и се смета за пионер во полето на односите со јавноста, имал средба со Чарлс Шваб, кој во тоа време бил еден од најбогатите луѓе во светот.

Шваб барал начин како да ја зголеми ефикасноста на неговиот тим. Ли му дал интересен метод од пет чекори и му рекол на Шваб да му плати онолку колку што мисли дека заслужува откако три месеци ќе го применува методот. 90 дена подоцна Шваб му платил 400.000 долари.

Методот

Ова е методот на Ајви Ли составен од пет чекори:

1. Запишете шест (не повеќе од шест) најважни работи што треба да ги завршите наредниот ден, на крајот од вашиот работен ден.

2. Ставете ги тие шест работи по редослед на важност.

3. Сконцентрирајте се само на првата задача кога ќе стигнете на работа наредниот ден, а потоа преминете на следната задача, откако ќе ја завршите првата.

4. Ако не успеете да ги завршите шесте задачи, преместете ги преостанатите задачи на вашата нова листа за наредниот ден.

5. Повторувајте го овој процес секој работен ден.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот