X
 06.03.2018 Образование

До 15 март е продолжен рокот за праќање трудови за Конференцијата за применети компјутерски технологии во Охрид

Продолжен е рокот за праќање апстракти на Интернационалната конференција за применети компјутерски технологии, која ќе се одржи на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид од 21 до 23 јуни. До 15 март сите заинтересирани можат да ги пратат своите трудови.


Конференцијата се организира во соработка со Техничкиот универзитет од Варна, Бугарија, првпат, и веруваме дека ќе продолжи да се организира и во наредните години. Таа ќе понуди размена на научни согледби од најновите научни трендови. Свое претставување ќе имаат еминентни научници од земјава и од светот. Трудовите што ќе бидат селектирани ќе бидат објавени во соодветен електронски зборник. Со својот интердисциплинарен карактер таа е отворена за професори, истражувачи, студенти, од техничките области, но и од хуманистичките науки и уметностите.
Работен јазик на конференцијата е англискиот, а повеќе информации можат да се најдат на: http://act.uist.edu.mk/

Tрудови можат да се праќаат на следните теми:
• Применети компјутерски науки
• Применета математика
• Биомедициски инженеринг
• Блокчеин-технологии
• Компјутерски науки
• Дистрибуирано и паралелно програмирање
• Економија, менаџмент и одржлив развој
• Електорника
• Информатичко општество и социјален развој
• Нови медиуми во уметноста, науката и технологијата
• Енергетски системи
• Роботика и мехатроника
• Сигнали и процесирање слики
• Телекомуникации
Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование