X
 14.03.2018 Живот

Дали би оделе на работа со велосипед, доколку компанијата ви плаќа за тоа?

velosiped
Фото: Profimedia

За да го подигне нивото на енергија кај своите вработени, и да ја намали градската зависност од автомобили, една новозеландска компанија одлучила на секој вработен што на работа ќе пристигне со велосипед, дополнително да му доплати.

Маркетиншката компанија „Мејк Колектив“ од Кристчрч поттикна необична иницијатива - на секој вработен кој на работа ќе пристигне со велосипед, ќе му плаќа пет новозеландски долари на ден.

Ако вработените продолжат со оваа здрава навика и во наредните шест месеци, сумата двојно ќе се зголеми. Вкупниот бонус од возење велосипед ќе им се исплааќа во една исплата на крајот од годината.

Сопственикот на компанијата, Тим Чеснеј, инаку и самиот љубител на велосипедизмот, се надева дека на овој начин ќе ја зголеми енергијата и здравјето кај своите вработени, што би довело до помалку боледувања. „По себеси гледам дека на работа доаѓам со повеќе енергија и подобра циркулација“, вели Чеснеј.    

Елиот Гилмор е еден од мотивираните вработени кој одлучил да го прифати предизвикот од својот шеф, иако признава дека не секогаш е лесно. „Најтешко ми е да дојдам на себеси штом стигнам на работа, но во секој случај треба да возиме велосипед за нашето здравје“, вели Елиот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот