Интервјуто со Елон Маск не е за секого.
Маск, извршниот директор на „Tesla“ и „Space X“, е познат по својата незаинтересираност во кандидатите на почетокот на секое интервју. Потоа, тој започнува да го испрашува кандидатот со тешки прашање за размислување. Ова е точно барем кога станува збор за вработувањето во „Space X“. Тоа го откриваме во биографијата на Маск напишана од Ешли Венс, новинар во „Bloomberg Businessweek“.
- Елон веројатно ќе продолжи да пишува пораки и да работи за време на првиот дел од интервјуто, а притоа нема да зборува многу. Не паничете. Тоа е нормално, пишува Венс во книгата.
- По одреден период, тој ќе се сврти кон вас. Дури и тогаш можеби нема да ве гледа во очи или да се однесува како да сте присутни. Не паничете. Тоа е нормално. За одредено време, тој ќе ви зборува.
Звучи лошо? Има и полошо. Маск има една загатка која секогаш им ја поставува на кандидатите во одредено време. Загатката оди:
„Се наоѓате на површината на Земјата. Одите еден километар јужно, еден километар западно и еден километар северно. Завршувате точно онаму кадешто сте биле на почетокот. Каде се наоѓате?“
Се верува дека Маск ги испрашувал речиси сите први 1.000 вработени во неговата компанија, а и голем дел од инженерите потоа. За време на почетоците на „Space X“, Маск лично им се обраќал на престижните универзитети ширум земјата и ги барал имињата на најдобрите студенти. Потоа ги повикувал студентите да работат за него.
Доколку интервјуто и начинот на вработување претставува предизвик, слушнете како е да се работи со него. За него се знае дека работи повеќе од 20 часа дневно, во текот на целата недела и викендите. Тој е познат по своите невозможни задачи за вработените и јавното засрамување на оние вработени кои не успеваат во неговите цели или го задржуваат напредокот.
Поранешен вработен во „Tesla“ вели за книгата дека „Тој ве уништува, а доколку преживеете, тој одредува дали може да ви се верува. Тој мора да сфати дека сте луд како и него“.
Патем, има два одговори на загатката на Маск: се наоѓате на Северниот пол или „некаде близу“ до Јужниот пол.