X
 18.05.2019 Живот

Што ќе се случи ако случајно изедете мувлосана храна?

Сигурно веднаш штом ќе забележите дека некоја намирница е мувлосана ќе ја фрлите в канта, но понекогаш може да се случи веќе да имате гризнато од лебот на кој се појавила мувла без да сте свесни за тоа. И најверојатно сте изеле некое парче таков леб пред да видите дека тој не е за јадење. Што ќе ви се случи ако сте проголтале малку мувлосана храна?

Ако сте здраво лице, веројатно таа мала количина мувла што сте ја проголтале нема воопшто да ви наштети.

Сепак, ако сте алергични на мувла, тоа може да ви направи здравствен проблем.

Мувлата не е инхерентно токсична. Постојат многу видови мувла, а, како што објасни микробиологот Ренди Воробо од Универзитетот „Корнел“, само некои од нив можат да му наштетат на нашето здравје. Ако лебот има портокалова, жолта или црна мувла, мора да го фрлите. Тие може да бидат поштетни и од нив може да ве боли стомак.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот