X
 18.08.2025 Живот

Три јасни знаци дека имате токсичен шеф

Сите сме се соочиле со тоа: 70 проценти од вработените веруваат дека нивните шефови се најлошиот дел од нивната работна средина. Ова е алармантна информација. За среќа, постојат јасни знаци кои откриваат „шеф од кошмарите“. Некои се лесни за забележување, додека други одземаат малку повеќе време. Без разлика во каква средина се наоѓате сега, ова е добро да се знае:

Криење од одговорност

Некои шефови избегнуваат не само одговорност, туку и свој тим. Ако вашиот претпоставен поминува повеќе време зад затворени врати и комуницира со вас само на подготвени состаноци, бидете внимателни.

Ваквите луѓе често имаат сериозни проблеми со комуникацијата и самодовербата. Тој нема да го признае сопствениот неуспех и ќе ги обвинува другите, т.е. своите колеги и вработени, за лошите резултати. Затворените врати за нив се границата помеѓу „нивниот“ и „вашиот“ свет. Не обидувајте се да ги интегрирате во тимот бидејќи тие не го сакаат тоа и се подготвени силно да го бранат својот простор.

Играње на картата на фаворити

Понекогаш лидерите јасно ставаат до знаење кој е нивен фаворит, а кој не. Ова често води до нееднакви услови и придобивки за членовите на тимот кои се фаворизирани. Сепак, не залажувајте се! Преку фаворитите, шефовите го контролираат тимот без многу напор.

Таквата ситуација не треба да влијае врз вашата мотивација. Продолжете да давате сè од себе, не поради шефот, туку поради сопствената работна етика. Имајте на ум дека фаворитите можат брзо да станат конкуренција за самиот шеф. Но, тоа не е ваша грижа.

Игнорирање на повратните информации

Повратните информации се клучен фактор. Шефовите кои не сакаат да слушаат критики или предлози, едноставно не можат да се справат со својата улога во тимот. Недостатокот на лидерски вештини и личен развој се најчестите причини за таков став, а ова нема да се промени сè додека не одлучат да работат на себе.

Само лице кое разбира дека хиерархијата не значи поголема човечка вредност, може да ги слуша и чуе другите. Во секој момент можеме да научиме нешто од секого. Оној кој се откажува од тоа, се откажува и од растот.

Извор: forbes.dnevnik.hr
Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот