Ако сакате да патувате, но немате голем буџет, можете значително да заштедите ако комбинирате две земји во едно патување.
Инфлуенсерката Грозда Чоловиќ од Србија на својот инстаграм-профил сподели листа со земји што можете да ги посетите заедно, со што ќе ги намалите трошоците за патување.
Кои земји можете да ги комбинирате?
Ако планирате патување во Шпанија, задолжително посетете ја и Португалија.
Доколку вашата дестинација е Унгарија, можете да ја комбинирате со Австрија, а најчесто патниците го користат возот на релацијата Будимпешта – Виена. Ако сакате да ги посетите Словачка и Австрија, одлична идеја е да ги комбинирате Виена и Братислава, бидејќи градовите се наоѓаат блиску еден до друг.
Патувањето во Грузија може да го искористите за посета на Ерменија, а Чоловиќ препорачува мини-комби превоз на релацијата Јереван – Тбилиси.
Доколку ја изберете Чешка, освен Прага можете да го посетите и Дрезден во Германија, град со богато културно и историско наследство.
Ако ваш избор е Литванија и нејзиниот главен град Вилнус, можете да ги посетите и Латвија и Рига, бидејќи постојат многу автобуски линии на оваа релација.
Комбинирање на скандинавските дестинации
Ако сте љубител на скандинавските земји, можете да ги комбинирате Шведска и Данска, а доколку ја посетите Естонија, со брод од Талин можете да стигнете до Хелсинки, Финска.
Ако Шведска е вашата главна дестинација, од Гетеборг можете да отпатувате до Осло, Норвешка.
Други популарни комбинации
- Швајцарија и Франција – од Базел можете да отпатувате со автобус до Стразбур и Колмар, а од Женева до Лион.
- Грција и Албанија – од Крф можете да стигнете со брод до Саранда.
- Романија и Молдавија (Букурешт – Кишињев).
- Србија и Унгарија (Белград – Будимпешта).
- Хрватска и Словенија (Загреб – Љубљана).
- Холандија и Белгија – едно патување, но и Оман и Обединетите Арапски Емирати – од Дубаи до Маскат можете да стигнете со авион или автобус.
Извор:
b92.net
Фото: Freepik