X
 27.01.2017 Технологија

Северна Кореја ја користи технологијата поинаку од другите земји

Иако сегашниот лидер на Северна Кореја Ким Џонг Ун е едуциран во Европа, таму нештата прилично се разликуваат од другите држави. Тој е особено ригорозен со еден особен белег на модерното време – интернетот.

Како земјата ја користи технологијата?

Речиси никој не користи интернет

Интернетот е достапен само на странците и елитата, а интранетот што е наречен Кванмијонг не е поврзан со останатиот свет. Тој содржи страници на институции, но сега се отвора и за комерцијална употреба.

Фејсбук е забранет, но направена е копија


Државата го има забрането фејсбук и бидејќи им се допаѓал концептот направиле клон кој функционирал одлично. Сепак тој бил хакнат и не се знае дали привлекува корисници после тоа.

1 од 10 жители има паметен телефон

Паметните телефони не се исклучени од државата и според едни податоци нив ги има околу 3 милиони претплатници, а за сопственици на компјутери се претпоставува дека бројот е околу 100.000.

Не им се дозволени интернационалните разговори


Некои жители кои живеат до границата на Кина користат увезени телефони за да разговараат со роднини кои се далеку од нив, но ова е строго забрането и казниво со закон.

Десктоп компјутерите се за богатите луѓе


Студентите кои имаат среќа да студираат на Универзитетот во Пјонгајнг користат десктоп компјутери, а достапни се и во интернет кафулиња и училишта. Употребата е надгледувана.

USB стиковите се моден додаток

Младите кои живеат во Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја, ги носат УСБ-стиковите како моден додаток.

Евтините кинески таблети се само за елитата


Од минатата година во Северна Кореја се достапни „Воолим” таблетите. Тие не може да се поврзат на безжичен интернет или блутут. Иако е произведена во Кина и се очекува пониска цена, веројатно е да не биде достапна за сите.

Некои луѓе имаат телевизор, но не и избор на програми


Да се има телевизор таму не е нешто необично, затоа што владата лесно може да сервира пропаганди на масата. Но полицијата редовно врши проверки дали поставките се сменети и дали се гледа друга програма.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија