X
 19.06.2020 Економија

Кафулињата и рестораните ќе работат до полноќ. Се враќа старото работно време

Кафулињата и рестораните ќе работат до полноќ, а за време на викендите односно во петок и сабота ќе можат да работат до еден часот по полноќ.

Владата на денешната седница донесе нова Уредба со која се регулира работното време на угостителските објекти. Се враќа старото работно време на угостителските објекти, од понеделник. Ова информација на својот фејсбук- профил ја објави министерот за економија Крешник Бектеши.

Угостителските објекти кои беа затворени на почетокот на корона-кризата во Македонија, беа повторно отворени на 28 мај со дозвола за работа до 20 часот. За кафулињата и рестораните и понатаму важат протоколите за работа поради пандемијата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија