Докторката Никола Ендрус, онколог од Вашингтон, наведува 5 намирници што не ги препорачува во исхраната, првенствено поради општото здравје и можните долгорочни здравствени ризици.
Алкохол
Ендрус вели дека апстиненцијата од алкохол е добра за здравјето. Според Центрите за контрола и превенција на болести, телото го разградува алкохолот во хемикалијата ацеталдехид, која може да влијае врз ДНК и да го спречи телото да ги поправи оштетувањата.
Преработено месо
Ендрус избегнува преработено месо, хот-дог, салама и други месни производи. Во 2015 година Светската здравствена организација го прогласи преработеното месо за канцерогено, нагласувајќи дека има доволно докази од епидемиолошките студии дека консумирањето преработено месо предизвикува рак.
Газирани пијалаци
Газираните пијалаци треба да се избегнуваат поради нивната висока содржина на шеќер, но диеталните верзии не се подобар избор бидејќи тие обично содржат вештачки засладувачи. Исто така, докажано е дека консумирањето засладени или вештачки засладени пијалаци го зголемува ризикот од срцеви заболувања.
Пијалаци со кофеин
Кафето има многу здравствени придобивки. Умереното консумирање кафе може да го намали ризикот од дијабетес, мозочен удар и срцеви заболувања. Сепак, тие придобивки исчезнуваат кога вашата шолја кафе ќе ја претворите во десерт. Ендрус препорачува промена ако претпочитате засладени верзии на вашето кафе.
Млека на растителна основа
И покрај популарноста на алтернативите на растителна основа, онкологот се одлучува за производи од полномасно млеко богати со хранливи материи.
- Не пијам млеко на растителна основа затоа што има многу малку хранливи материи - објаснува таа.
Нејзиното мислење е поддржано од експерти кои предупредуваат дека алтернативите на растителна основа не се секогаш нутритивно еквивалентни на производите од животни. Соединенијата во млечните производи како млеко, сирење, путер и јогурт ги активираат Т-клетките, кои му помагаат на имунолошкиот систем да се бори против бактериите и туморите и да штити од болести.
Извор: n1info.hr
Фото: Freepik