X
 20.04.2018 Живот

Чао математика и англиски, здраво тимска работа и комуникација?

Веќе не е доволно да ја наполните вашата кратка биографија со импресивни оцени. Работодавците сега гледаат зад квалификациите за да сфатат какви други вештини имаат кандидатите.

Когнитивните вештини во полето на математиката и англискиот јазик долго време се користат за мерење на калибарот на кандидатот за работното место. Но, според извештајот на „Хамилтон проџект“, економски тинк-тенк, вештините што не се когнитивни исто така се важни за образовниот перформанс и успехот на работа.

Некогнитивни вештини се нешта како тоа колку добро можете да комуницирате, колку добро соработувате со другите, колку добро водите тим и колку сте самомотивирани. Извештајот вели дека, до одреден степен, тие вештини неизбежно зависат од карактерот на лицето. Исто така, тие се поврзани со нивото на образование на лицето, како и со нивото на образование на родителите на кандидатот.

Сепак, како што се наведува во извештајот, овие вештини можат да се научат.

Тинк-тенкот цитира истражување извршено меѓу менаџери за вработување, кое сугерира дека тие се загрижени за наоѓање луѓе со вистинските некогнитивни вештини како што се згрижени за наоѓање луѓе со традиционалните и мерливи способности.

- Додека помалку од 20 отсто од менаџерите за вработување велат дека лицата што неодамна дипломирале имаат недостиг од математички вештини потребни за работата, повеќе од половина истакнале дека неодамнешните дипломци имале недостиг од внимавање на детали. Речиси еднаков процент на менаџери за вработување забележале недостатоци во вештините за пишување и комуникацијата. Околу една третина од менаџерите истакнале дека на кандидатите им недостигаат вештини за анализа на податоци и тимска работа - се наведува во извештајот.

Зошто сето ова е важно?

„Хамилтон проџект“ истакнува дека некогнитивните вештини се клучни за пазарот на труд поради неколку економски причини.

Денешните работи бараат повеќе некогнитивни вештини отколку порано

На графиконот може да се види дека задачите што вклучуваат работа со или за луѓе, што бара подобри некогнитивни вештини, се многу поважни сега отколку што биле во 80-тите и 90-тите години. Задачите што бараат социјални вештини се зголемиле за 16 и 17 отсто, додека задачите што бараат високо ниво на математика се зголемиле за само пет отсто.



Фото: World Economic Forum

Пазарот на работна сила сè повеќе ги наградува некогнитивните вештини


На сликата може да ја видите врската меѓу платата и двата типа вештини.



Фото: World Economic Forum

Поверојатно е да бидете вработени со полно работно време

На графиконот може да видите дека како што се зголемуваат вештините, така растат и платата и веројатноста за вработување со полно работно време. Податоците покажуваат дека некогнитивните вештини со текот на времето станале многу поважни.


Фото: World Economic Forum

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот