X
 19.09.2018 Образование

Кандидатка со просек 6,75 ја добила работата, а таа со просек 9,67 е втора на ранг-листата

Можете да бидете најдобар студент или најдобар експерт во некоја област, но ако не сте во системот на власта, сето тоа е залудно. Ова се зборови на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кои ѝ послужија на Андреа Рајковиќ да покаже еден апсурд во начинот на вработување.

Станува збор за вработување во средношколскиот центар „Милорад Влачиќ“ во Власеница, каде што предноста му е дадена на најлошиот кандидат на конкурсот.

Од конечната ранг-листа за позицијата наставник по српски јазик во ова училиште јасно се гледа дека станува збор за „наместен“ конкурс и тоа по веќе познат рецепт каде што кандидатот со најнизок просек добива најмногу бодови на интервјуто.

За што точно станува збор покажува објавата на „Фејсбук“ на второрангираната Андреа. Таа има просек 9,67, но е на второто место на листата, веднаш зад Татјана Голијанин, чиј просек е 6,75.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование