X
 20.04.2023 Живот

„Лувли“ - шведски автомобил на склопување со цена од 10.000 евра

ИКЕА воведе паметни и практични решенија во областа на мебелот, така што тие сега преминуваат во автомобилската област.

Имено, компанијата „Лувли“, чие име е добиено од кратенката LUV (Light Urban Vehicle), има идеја да создаде електричен микроавтомобил, исклучително лесен, агилен и практичен, со мала потрошувачка на енергија и напредни безбедносни карактеристики.

ikea

Првиот модел, кој наскоро ќе влезе во сериско производство, се нарекува „лувли О“. Неговата тежина е 380 килограми, има максимална брзина од 90 километри на час, може да се возат две лица, а багажникот има вкупна зафатнина од 267 литри.

Автомобилот е долг 270 сантиметри, широк 153 сантиметри и висок 144 сантиметри. Има струја од две батерии со вкупен капацитет од 6,4 kWh. Сепак, високата ефикасност и малата тежина на моторот значат дека дури и таков капацитет ќе му понуди автономија од околу 100 километри, што е сосема пристојно за градско возење. За работите да бидат подобри, секоја од батериите тежи само 15 килограми, а може и брзо да се заменат наместо да се надополнуваат.

Кога станува збор за практичноста, Швеѓаните не застануваат само на возење. „Лувли“ планира производството на возила да го направи модуларно. Така, неговите главни делови би биле произведени на централна локација, потоа спакувани во компактни пратки, исто како ИКЕА-мебелот и доставени до фабриките за склопување. Автомобилот би се склопувал на лента и би се доставувал за брзо време.

2

Автомобилот би можел да излезе на пазарот во три конфигурации, како класичен патнички автомобил, спортско купе со три тркала или мало возило за испорака. Планираната почетна цена за основниот модел е само 10.000 евра.

Извор: Autonet.hr
Фото: Autonet
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот