X
 23.06.2025 Технологија

Погледнете како изгледа најбрзиот сериски автомобил - има 1.250 коњски сили и невозможно забрзување

Моделот „ЗР1Х“ станува петта варијанта во сегашната линија на „корвета“, што ја прави најширока откако моделот бил претставен во 1953 година. Тоа е првиот хиперавтомобил на „Шевролет“ што го надминува дури и „ферари Ф80“ во однос на перформансите, модел кој чини повеќе од четири милиони евра.

Автомобилскиот производител од Детроит го претстави автомобилот „шевролет корвета ЗР1X“ за 2026 година - „хиперавтомобил“ базиран на постојниот хибриден модел „корвер Е-Реј“, кој се најде во продажба во 2023 година. Новиот модел го користи 5,5-литарскиот „В8“ мотор од моделот „ЗР1“, но благодарение на дополнителната електрификација, има подобри перформанси.

-Тоа е најнапредниот модел на „корвета“ што некогаш сме го произвеле. Американскиот хиперавтомобил пристигна. Со овој автомобил му даваме до знаење на светот што може да направи една „корвета“ и вистински американски суперавтомобил – истакна Меган Дејли, раководител на одделот за маркетинг на „Корвета“.


Што е хиперавтомобил?

Терминот „хиперавтомобил“ се однесува на возила што ги надминуваат перформансите на суперавтомобилите - особено во брзината и времето потребно за забрзување од 0 до 100 км/ч. Двете категории одат подалеку од класичните спортски автомобили. Максималната брзина на новиот модел е 375 км/ч, забрзувањето од 0 до 100 км/ч е под две секунди, додека 402 метри поминува за помалку од девет секунди, со максимална брзина од повеќе од 241 км/ч. Возилото користи 5,5-литарски двоен турбо „В8“ мотор со 1.064 коњски сили и 1.123 Нм вртежен момент. Дополнителни перформанси се обезбедени од електричниот мотор и хибридниот систем од „корвета Е-Реј“, кој во комбинација со „В8“ дава вкупно 1.250 коњски сили.

Електрична верзија во тек?

Претходно било најавено дека ќе се развие целосно електричен модел на „корвета“, но не е јасно дали имало промени во тие планови со оглед на побавната продажба од очекуваната на електрични возила. СУВ-верзијата на „корвета“ се разгледува веќе неколку години.

Цените за „ЗР1X“ ќе бидат објавени непосредно пред да се појави во салоните, што се очекува подоцна оваа година. 

Извор: forbes.dnevnik.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија