X
 20.06.2021 Наука

Кое е најсмртоносното животно во светот?

Можете да претпоставите кое е најсмртоносно животно во светот? Многумина ќе помислат дека станува збор за ајкулата или мечката, но не е така.

Видео објавено од „Инчрестинг инџиниринг“ покажува дека елените убиваат стотици повеќе луѓе годишно од мечките, а нилскиот коњ и слоновите се едни од најсмртоносните животни на планетата. На листата со најсмртоносни животни се наоѓаат и вид отровни скорпии и змии, кои убиваат илјадници луѓе низ светот секоја година.


Но најопасното животно е она што секоја година редовно влегува во вашиот дом - комарецот. Според Светската здравствена организација (СЗО), убодите од комарците, кои може да пренесат разни болести, убиваат дури еден милион луѓе во светот годишно. Најлошата болест што ја пренесуваат комарците е маларијата, која е причина за смрт на 409.000 луѓе годишно.

Доколку ова направи да сакате да се преселите на место каде што нема комарци, треба да знаете дека нив ги нема само на Јужниот Пол.

Извор: Interesting Engineering
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука