X
 20.07.2020 Наука

Женските вилини коњчиња ја лажираат сопствената смрт за да одбегнат мажјак

Многу животни глумат дека се мртви за да се спасат од предатор, но она што го прават женските вилини коњчиња е драстично. Имено, „Њу сајентист“ известува дека женските вилини коњчиња глумат дека се мртви за да одбегнат член на спротивниот пол.

Според научниците, кога им се приближува непосакуван мажјак, женските вилини коњчиња одеднаш паѓаат на земјата и ја лажираат сопствената смрт. Ова се покажува во истражување објавено во „Еколоџикал сосајети оф Америка“.


Фото: Wikipedia

Во истражувањето, ова однесување било забележано кај 27 од 31 набљудувани вилини коњчиња. Од овие 27, во 21 случај методот бил успешен.

Според Расим Келифа од Универзитетот во Цирих, кој го водел истражувањето, јасно било дека женските вилини коњчиња ја лажирале смртта поради мажјак бидејќи тие веднаш станувале и продолжувале со нормалното движење откако мажјакот ќе си заминел.

Автор: Брајан Нелсон
Извор: treehugger.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука