Таинствениот звук снимен во длабочините на океанот, кој потсетува на „женски глас“, и по повеќе од две децении останува нерешена енигма за научниците. Иако првпат бил регистриран уште во 1999 година, неговото потекло сè уште не е прецизно утврдено.
Звукот го снимила Националната управа за океани и атмосфера на САД (НОАА) во Тихиот Океан и е познат под прекарот „Џулија“.
Описот што најчесто се користи за него е „морничаво мрморење што личи на човечки глас“.
Звукот бил регистриран на 1 март 1999 година преку автономна мрежа од хидрофони, поставена во источниот дел на екваторијалниот Пацифик. Врз основа на анализата, научниците успеале приближно да ја лоцираат изворната точка на звукот во подрачјето помеѓу протокот Брансфилд и Адеровиот 'Рт, две области оддалечени неколку стотици километри, во близина на Антарктикот. Звукот бил толку силен што бил детектиран на растојание поголемо од 4.800 километри и траел околу три минути.
Теории и шпекулации
Бидејќи во тоа време не постоело конечнo научно објаснување за звукот, почнале да се шират шпекулации и теории на заговор. Некои интернет-корисници тврделе дека истовремено, на снимките од мисијата „Аполо 33А5“ на НАСА, може да се забележи голема сенка што се ниша во југозападниот дел на 'ртот токму во моментот кога бил снимен звукот.
Научно објаснување: леден брег
Сепак, НОАА понудила рационално објаснување за овој мистериозен звук. Според нивните истражувања, најверојатна причина е огромен леден брег што заринкал некаде по должината на брегот на Антарктикот.
- Звукот познат како „Џулија“ бил снимен на 1 март 1999 година преку автономна мрежа од хидрофони во источниот дел на екваторијалниот Пацифик. Најверојатниот извор на овој звук е голем леден брег кој заринкал јужно од Антарктикот - стои во официјалното соопштение на „НОАА“.
Звукот ги содржел карактеристиките на т.н. „леден потрес“ - акустичен сигнал што настанува при триење, пукање или поместување на големи ледени маси во контакт со морското дно или други ледени формации. Слични звуци биле забележани и претходно, како познатиот
„Блуп“ од 1997 година, кој подоцна бил исто така објаснет со движење на ледени санти.
Извор:
Nova.rs
Фото: Freepik