X
 20.11.2023 Економија

Саудиска Арабија претстави фасцинантен нов проект кој ќе биде дел од градот Неом

Саудиска Арабија најави изградба на фасцинантна зграда наречена „Епикон“ во рамките на проектот за изградба на нов град Неом.

Зградата ќе има хотели и ресторани, како и луксузни станови за домување. Таа ќе има две кули, едната со височина од 225 метри, а другата 275 метри.

Освен хотелите, „Епикон“ ќе има плажи, барови и продавници.



Оваа зграда е последен проект во рамките на планот за изградба на урбаниот град Неом, кој ќе вклучува „планини“ за скијање и линеарен затворен урбан простор наречен „Лајн“.

Извор: Skift
Насловна фотографија: Neom
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија