X
 16.08.2023 Живот

Саат-кула во Хелсинки неделава ќе заѕвони за првпат во историјата

Централната железничка станица во Хелсинки е една од најистакнатите знаменитости во градот поради нејзината саат-кула со зелен врв од 50 метри. Нејзиниот часовник не испушта никакви звуци, но в недела, на 20 август, кулата за првпат во својата историја ќе заѕвони во чест на раѓањето на архитектот Елијел Саринен - ​​дизајнерот на станицата.

Ѕвоното ќе одзвони 15 пати, секој за една деценија од раѓањето на славниот архитект. Настанот е закажан за 15 часот и ќе биде само „еднократен настан“ кој никогаш повеќе нема да се повтори. Или барем нема да се случи наскоро. Затоа, подобро поставете си аларм доколку на 20 август се најдете во главниот град на Финска.


Фото: Wikipedia

Саат-кулата на станицата била завршена во 1919 година и била највисоката зграда во Хелсинки во тоа време. Меѓутоа, часовниците биле поставени во 1922 година. Фасадата на кулата е направена од гранитни парчиња, додека нејзиниот зелен врв е направен од дрво и бакар, а самиот покрив тежи 5 тони. На врвот на кулата има глобус на крилести тркала, што ја симболизира меѓународната природа на станицата.

Саринен проектирал и други значајни градби во Финска, како националниот музеј и градско собрание.

Извор: Pametni gradovi
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот