X
 21.09.2026 Живот

Оваа мистериозна градба е изградена како машина за подмладување и патување низ времето

Дали сте слушнале за Интегратрон? Станува збор за необична дрвена зграда сместена во пустината Мохаве во близина на Ландерс во Калифорнија, за која се раскажуваат многу приказни и која е обвиена со превез на мистерија. Претставува интересен спој на уметноста, науката и магијата – требаше да служи како машина за подмладување на клетките и патување низ времето.

Оваа купола, висока 12,5 метри и широка 16 метри, ја осмисли поранешниот воздухопловен инженер и уфолог Џорџ Ван Тасел, а изградена е во 1954 година со пари добиени од јавни донации и неколку поддржувачи, меѓу кои и славниот Хауард Хјуз. Наводно е изградена на раскрсница од силни геомагнетни сили.



Целосно е изградена од дрво – без ниту една шајка или метален спој, па денес се смета за совршена звучна комора. Ван Тасел тврдеше дека нејзиниот дизајн е инспириран од Мојсеевиот табернакул, списите на Никола Тесла, но и дека упатствата за нејзината изградба ги добил од вонземјани. Интегратрон денес е во приватна сопственост. Иако никогаш не служеше како временска машина, денес се смета за голема туристичка атракција која ја посетуваат многу луѓе од целиот свет.

Поради нејзината исклучителна акустика, во неа се одржуваат таканаречени звучни бањи  - медитативни сеанси во кои учесниците лежат на подлоги и им се препуштаат на вибрациите на различни инструменти и така се опуштаат.

Извор: punkufer
Фото: принтскрин/јутјуб

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот