Вашето куче покажува љубов на повеќе начини – со ентузијастичко пречекување, физичка блискост како наведнување или лижење, престој во ваша близина и носење играчки. Наклонетоста може да се покаже и со одржување контакт со очите, мавтање со опашката, па дури и суптилно имитирање на вашите движења, како што е проѕевањето.
Сепак, постојат и други однесувања како знак за тоа колку се грижат за вас и ја сакаат вашата близина, на пример, потребата да спијат покрај вас в кревет.
На „Тик-ток“, креатор на содржини објаснува што би можело да значи ако вашето куче инсистира да го дели вашиот кревет со вас – а причините се потрогателни отколку што мислите.
Кучињата сакаат да спијат во креветите на своите сопственици од три причини, се наведува во видеото.
Чувство на сигурност
- Мора да разберете дека сте многу повеќе од сопственик на куче. Вие сте нивното безбедно засолниште, нивното семејство, целиот нивен свет – се вели во видеото.
Затоа кучињата се чувствуваат заштитени кога се во ваша близина и сакаат да останат со вас кога се најранливи - вклучително и кога спијат. Спиењето до вас им дава длабоко чувство на сигурност и ја зајакнува емоционалната врска што ја чувствуваат. Тоа е нивниот начин да кажат: „Те сакам и се чувствувам безбедно.“

Топлина
Второ, кучињата ја сакаат топлината. Како и луѓето, кучињата сакаат да се стуткаат во удобен и топол кревет, особено во постудените периоди. Искуството е уште попријатно кога ја чувствуваат топлината на вашето тело. Вашето присуство го претвора креветот во совршено засолниште за мирен сон. Вие сте како живо ќебе за нив - ги греете и им давате чувство на сигурност.
Заштитнички инстинкт
Третата причина оди малку подлабоко. Сите кучиња имаат вроден инстинкт да го заштитат својот сопственик. Дури и кога се длабоко заспани, тие остануваат внимателни, се вели во видеото. Со делењето кревет, тие чувствуваат дека ве штитат исто колку што вие ги заштитувате нив. Оваа улога е длабоко вкоренета во нивната природа - и тоа е уште еден начин на кој вашата врска се продлабочува.
Описот на видеото гласи: „Вашето куче не е само домашно милениче, тоа ве гледа како семејство и како цел свој свет.“
Извор: n1info.hr
Фото: Freepik