X
 28.11.2018 Наука

Кучињата навистина личат на своите сопственици, но феноменот не застанува тука

Тешко е да не се насмевнете кога ќе видите висока црвенокоса како шета со ирски сетер. Или човек со боксерски нос како шета со неговиот голем булдог. Не, не си замислувате работи - луѓето навистина може да изгледаат како нивните кучиња. Но, феноменот не запира тука.

Овој феномен првпат бил потврден во 2004 година кога истражување предводено од психологот Мајкл Рој открило дека сосема непознати странци успеале да ги поврзат расните кучиња со нивните сопственици во 64 отсто од случаите. Оттогаш и други истражувања го покажуваат истото - (релативно) лесно е странците да погодат кои кучиња на кои луѓе им припаѓаат само врз основа на нивниот изглед. Што всушност се случува? Дали луѓето сакаат да купуваат/удомуваат кучиња што изгледаат како нив или кучињата и луѓето полека почнуваат да си личат?

Дел од овој одговор лежи онаму од каде што феноменот има недостаток. Функционира само со чистокрвните кучиња. Во оригиналното истражување на Рој, тој открил дека кај луѓето било потешко да ги спојат нерасните кучиња со нивните сопственици - Рој добил точен одговор во само 35 отсто од случаите. Понатаму, не постоела корелација помеѓу тоа колку долго сопствениците живееле со своите кучиња и колку точно погодиле странците. Сето ова сугерира дека луѓето имаат тенденција да се фиксираат на одреден тип куче - оној што нејасно личи на нив - и го бараат.

Да, кучињата понекогаш навистина имаат одредена фризура и израз на лицето и лесно е да видите одредена раса и да си кажете: „Убаво кученце. Ме потсетува на лице што го гледам во огледало секој ден“. Но, што е со работите што немаат лице? Излегува дека луѓето сè уште го сакаат она што личи на нив.

Во истражување објавено во 2014 година учесниците биле ставени речиси во иста ситуација, само со автомобили наместо кучиња. Исто како со кучињата, тие погодиле кои автомобили на кои луѓе им припаѓале откако ја виделе предницата на автомобилот. Тоа сугерира дека „лицето“ на автомобилот е она што се совпаѓа со неговиот сопственик.

Еве уште една интересна работа. Дали навистина луѓето купуваат автомобил што изгледа како нив или им е продаден таков? Истражувањето спроведено во 2018 година фрла темнина врз оваа тема. Во него истражувачите откриле дека без оглед на желбите на купувачите, продавачите имале тенденција да им даваат заоблени форми на клиентите со прекумерна тежина. Истражувачите испратиле актерка да купува рачни часовници и парфеми во две различни околности - прво, во нејзиното природно тело (150 сантиметри висока и 46 килограми) и второ, во професионално направен костим за да изгледа дебела. Во првиот случај продавачите ѝ покажувале тесни, правоаголни часовници и парфеми, а во вториот ѝ покажувале кружни часовници и кружни шишиња.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука