Доколку по 1 јули вашето барање за виза е одбиено, не поднесувајте жалба во амбасадата затоа што таа веќе нема да обработува вакви жалби, соопштија денес од Германската амбасада во Македонија.
Оттаму додаваат дека досегашната доброволно одобрена постапка за поднесување жалба се укинува од 1.7.2025 во светот за да може да се обработат повеќе барања за визи и да се скрати времето на чекање на одлуките за визите.
- Против одбивањето на вашето барање за виза може да преземете правни мерки на тој начин што ќе поднесете жалба до Уставниот суд Берлин (Германија). Таа мора да е на германски јазик и тука настануваат судски трошоци - стои во соопштението.
Од Амбасадата посочуваат дека за да го намалите ризикот од одбивање, треба уште од почеток да ги доставите потребните документи во целост.
- Ако визниот оддел ви побара дополнителни документи, ве молиме доставете ги навреме. Секако дека и по одбивањето на барањето секогаш имате можност да поднесете ново барање за виза - истакнуваат од Амбасадата.
Фото: Freepik