X
 24.02.2025 Економија

Кина стана најголема трговска сила, ги престигна САД во 2024 година

Кина во 2024 година стана водечка сила во светската трговија, престигнувајќи ги САД како најважен трговски партнер на повеќето земји. Овој тренд претставува драматичен пресврт во споредба со 2000 година, кога САД беа неприкосновен лидер на глобалниот пазар.

Во 2000 година вкупната трговска размена на САД изнесуваше 2 билиони долари, додека кинеската трговија беше значително помала – само 474 милијарди долари. Во тоа време Кина беше главен трговски партнер само на неколку земји, како што се Куба, Иран, Либија, Мјанмар, Северна Кореја, Судан и Виетнам.

Но, во периодот од 2000 до 2024 година Кина забележа неверојатен раст на трговијата од 1.200 отсто, додека трговијата на САД се зголеми за 167 отсто. Денес, вкупната трговска размена на САД изнесува 5,3 билиони долари, додека Кина достигна 6,2 билиони долари, надминувајќи ги САД уште во 2012 година.

Регионална доминација на Кина


Денес, Кина е главен трговски партнер на повеќето земји во Азија, Источна Европа, Блискиот Исток, Океанија, Јужна Америка и Африка. Очекувањата се дека ќе продолжи да ги продлабочува економските врски со земјите во развој, увезувајќи горива, минерали и земјоделски производи, додека извезува индустриски и технолошки производи.

кина
Фото: Econ Visuals

Од друга страна, САД ја задржуваат својата доминација во Северна Америка, Европа (освен Русија), Северна Африка и Индија, каде што се очекува и натаму да ги зајакнуваат своите трговски односи.

Овој пресврт во глобалната трговија јасно покажува дека Кина се позиционира како водечка светска економска сила, додека САД се соочуваат со предизвици во одржувањето на својата доминација на меѓународниот пазар.

Извор: Klix.ba
Фото: Econ Visuals
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија