X
 21.07.2015 Економија

Предвидувањата на Маркс се исполнуваат

„Сопствениците на капитал кај работниците ќе поттикнуваат купување на скапи производи, станови и технологии, притоа обврзувајќи ги на скапи кредити кои ќе станат неиздржливи. Неплатените долгови ќе предизвикаат банкрот на банките, кои ќе мора да се национализираат, па државата ќе тргне на пат кој води кон комунизам.“


Овој цитат го напишал Карл Маркс во 1867 година, но сегашната економска состојба прави да изгледа како пророштво.

Економската криза започна со падот на пазарот на недвижности во САД, што беше предизвикан од претерано слободно доделување кредити секому. Тоа ги крена цените на недвижностите додека сè одеднаш не се сруши со првите банкроти на презадолжените сопственици. Потоа страдаа институциите, па и големите банки.

Според теоријата на Маркс, банкарскиот состав е во функција на поголемата потрошувачка, а капитализмот функционира само доколку граѓаните сè повеќе должи. Кога ќе стигне до одредена точка, капитализмот станува деструктивен. Денес, Американците и Европејците ги национализираат своите големи банки, додека Италијанците ги простуваат долговите поради кризата, односно го одложуваат плаќањето на 8 милијарди евра во кредити на невработените.

Со ова се докажува теоријата на Маркс дека капитализмот сепак не е толку совршен како што се верувало со децении претходно. Модерните теоретичари одеднаш се согласуваат дека Маркс направил добра дијагноза.

Потврдувањето на предвидувањата на Маркс стигнуваат директно од Ватикан, кадешто во статија на „Обзерваторио Романо“ се пишува за случајот.

- Маркс е повторно во мода, а тој и сите сериозни економисти зборувале дека работната сила нема способност за данок доколку не може да се репродуцира. Значи, пред сè мора да преживее, а потоа може да плаќа данок - се пишува во статијата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија