X
 24.03.2026 Препорачани огласи

Цементарница УСЈЕ вработува асистент за контрола на квалитет

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и современа лабораторија за контрола на квалитетот,
доколку сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте посветени, лојални, креативни,
насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

ТИТАН УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН

објавува оглас за вработување на


Асистент за контрола на квалитет во Сектор за квалитет


Избраниот кандидат ќе биде задолжен за сумирање и анализа на податоците преку дневни, месечни и годишни извештаи, правилно земање и подготовка на примероци, хемиски и физичко- механички анализи и нивно регистрирање, правилно работење со инструментите како и грижа за работните услови во лабораториите каде што се извршуваат анализите. Ги следи инструкциите, упатствата и процедурите за контрола на квалитетот, ракување со опремата, развивање и анализа на статистички податоци. Работното време се одвива во три смени.
Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење во висина од една плата.

Kвалификации на кандидатот:

• CCC/IV степен стручна подготовка (хемиски, градежен техничар или гимназија)
• Без работно искуство (претходно работно искуство ќе се смета за предност)
• Познавање на MS Office пакетот
• Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
ТИТАН УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална
определеност, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши на веб страницата на ТИТАН УСЈЕ http://www.usje.mk во делот
Кариера/Придружете ни се или на меил hr@usje.mk.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Активен до:    02.04.2026

Издвојуваме

Препорачани огласи