Она што требаше да биде групен час по јога се претвори во комичен спектакл на навивачи од Норвешка, а видеата од настанот брзо се проширија на социјалните мрежи.
Њујорк вчера беше домаќин на масовен час по јога по повод летната долгоденица, која истовремено се одбележува и како Меѓународен ден на јогата.
Програмата, спонзорирана од градот и наречена „Мир над хаосот“, обезбеди јога-подлоги за голема група ентузијастични њујорчани и посетители, а инструктори ги водеа учесниците низ различни јога-позиции.
Сепак, наместо смирена и релаксирачка сесија, настанот се претвори во дружење на навивачи, главно од Норвешка, кои допатувале во САД поради Светското првенство во фудбал.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како навивачите ги имитираат движењата на инструкторите, а секоја позиција ја завршуваат со извици и навивање.
Како резултат на тоа, настанот доби комичен карактер и беше далеку од слоганот „Мир над хаосот“ под кој беше организиран.
Овој настан е еден од многуте низ светот со кои се одбележува Меѓународниот ден на јогата.
Извор:
Klix.ba
Фото:
Screenshot/Facebook