X
 22.04.2020 Живот

Њујорчани може да се венчаат и преку видеоповик

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендрју Куомо, има решение за сите заљубени парови што морале да ги паузираат романтичните планови поради пандемијата на коронавирусот - венчавка преку видеоповик.

Како и со другите прослави или празници, користењето на „Зум“ или „Гугл хенгаутс“ станува сѐ почест начин за правење венчавка за оние што не сакаат да ги одложат своите свадбени церемонии. Извршната наредба на Куомо само го олеснува тоа, ослободувајќи се од уште повеќе бариери и потенцијални опасности кои може да ги спречат луѓето да не се венчаат додека се во изолација.

Куомо овозможи свештените лица да можат да венчаваат на далечина. Исто така, паровите може да си ги земат документите онлајн наместо да го чекаат отворањето на владините канцеларии.

Наредбата за седење дома во Њујорк е продолжена до 15 мај, иако сѐ уште нема индикации дека тогаш ќе биде повлечена. Па,  парови што ќе изберат да почекаат додека да можат да направат церемонија во живо, може некое време да се ни на небо ни на земја.

Во меѓувреме, барем ќе можат да ги замолчат гостите што испиле некоја чашка повеќе пред да се обидат да одржат говор.

Извор и насловна фотографија: Futurism
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот