Археолози и лингвисти, читајте внимателно! Следува огромна награда за оној што може да дешифрира индиски јазик стар 5.300 години.
Доколку успеете да го дешифрирате, како награда добивате речиси милион евра.
Заинтересирани? Доколку понудата ви звучи примамливо, вооружете се со знаење и тргнете во поход, бидејќи дешифрирањето на овој јазик е прилично тешко.
Владата на државата Тамил Наду, Југоисточна Индија, нуди награда од 960.000 евра за тој што ќе го дешифрира писмото на цивилизација која живеела во долината Инд.
Неодамна, главниот министер на државата ја објави наградата по објавувањето на истражувањето кое открило сличности помеѓу знаци и натписите на оваа цивилизација пронајдени на локална керамика.
Цивилизацијата која живеела во долината Инд, позната и како Харапан, живеела пред 5.300 години во она што го знаеме како денешна Северозападна Индија и Пакистан. Дел од жителите биле земјоделци и трговци и тие го основале едно од најраните урбани општества во светот.
Причините за ненадејниот пад на општеството се непознати, а не се пронајдени докази за војна или природна катастрофа.
Составено од знаци и симболи, писмото се состои од околу 4.000 кратки натписи, повеќето врежани на мали предмети како печати и керамика. Теориите го поврзуваат писмото со раните брахми писма, индоариевските јазици и сумерскиот.
Дешифрирањето на писмото ќе им овозможи на истражувачите да стекнат дополнително знаење за управувањето и верувањата на оваа цивилизација. Сепак, и покрај многубројните напори на лингвистите и археолозите, писмото останува мистерија.
Извор:
Euronews.com
Фото:
Twitter