X
 02.08.2016 Наука

Како би изгледал светскиот поредок до 2035 година?

До 2035 година Америка би можела да биде во ситуација во која Русија и Кина би имале иста сила или пак би ја надминале економската и воената моќ на Западот во некои области, стои во извештајот на Пентагон.

„За само 20 години, Америка и нејзините сојузници ќе живеат во свет во кој создавањето на глобалниот поредок на кој се навикнати после Студената војна може да биде сложено и се' потешко, ако не и невозможно“, се вели во истражувањето. „Во иднина, одреден број држави со политичка волја, економски капацитет и воени способности ќе се обидат да наметнат промени на сметка на други“, вели извештајот.

„Растечките сили, вклучувајки ги на пример Кина, Русија, Индија или Бразил се' повеќе го изразуваат своето незадоволство со улогите кои ги имаат во моменталниот меѓународен состав. Русија ќе продолжи да ги модернизира своите воени, воздушни и интерконтинентални нуклеарни сили. Исто така, таа ќе продолжи да го искористува одвраќањето на операциите како што се „нуклеарни вежби, летови на бомбардери како и стратешки извидувања над територијата на Америка“, предвидуваат научниците.

Русија, Кина, Индија и другите „ревизионистички држави“, како што стои во извештајот, ќе склучуваат алтернативни сојузнички договори додека ресурсите на Западот кои се намалуваат, негативно ќе влијаат врз доминацијата на Вашингтон во светот. Во извештајот се нагласува дека досега нема таква сила која би можела отворено да се спротивстави на глобалното влијание на Америка, меѓутоа оваа земја заедно со нејзините сојузници не се развива повеќе со толкава брзина со каква што се развиваат нејзините конкуренти.

„Идниот развој на настаните ќе доведе до зајакнување на еднаквиот однос на светска сцена и ќе им овозможи на потенцијалните противници да се спротивстават на глобалните интереси на Америка“, велат авторите на извештајот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука