X
 25.06.2026 Живот

Три сестри од Бразил заедно имаат 316 години - научниците ја проучуваат нивната ДНК

Која е тајната на долгиот живот? Три бразилски сестри, чија вкупна возраст изнесува 316 години, би можеле да им помогнат на научниците да го најдат одговорот на тоа прашање. Гинисовата книга на рекорди овој месец ги прогласи за најстарите живи сестри во светот, а нивниот случај стана предмет на научен интерес..

Потрага по гените на долговечноста


Сестрите се вклучени во проектот „ДНК Лонгево“, студија која на Универзитетот во Сао Пауло ја води научничката Мајана Зац. Целта на истражувањето е пронаоѓање на биолошките фактори на стареењето.

Сознанијата од случајот со трите сестри би можеле да им помогнат на научниците подобро да разберат зошто некои луѓе и во исклучително длабока старост остануваат физички и когнитивно витални. Истражувачите ќе ја споредуваат ДНК на деведесетгодишниците и стогодишниците со лица кај кои се развиле слабост, когнитивен пад или хронични болести, барајќи карактеристики поврзани со долговечноста.

-Со ДНК тестирањето бараме заштитни гени, а знаеме дека постојат неколку такви. Колку повеќе стогодишници вклучиме во истражувањето, особено од семејства со повеќе членови кои доживеале сто години, толку попрецизно ќе можеме да ги идентификуваме тие гени - вели Зац, координаторка на Центарот за истражување на човечкиот геном.



Улогата на генетиката и заедништвото

Научниците веруваат дека наследните фактори можат да играат поголема улога од влијанието на средината во зачувувањето на здравјето и функционалноста во подоцнежните години од животот. Сестрите, Зулина де Деус Нунес (103), Зораиде де Деус Мота (104) и Левита де Деус Нунес (109), кои живеат во Рио де Жанеиро, беа идентификувани од страна на „Лонгеви квест“, глобална организација која ги проверува рекордите за долговечност и соработува со Гинисовата книга на рекорди.

- Очигледно е дека постои силна генетска компонента. Но, бидејќи живеат блиску една до друга, тие имаат и мрежа на поддршка, семејство кое може да помогне кога е потребно. Секако постои и тој социјален аспект - вели  Бен Мејерс, извршен директор на „Лонгеви квест“.

Едноставен живот и здрава исхрана

Самите сестри својата долговечност ја припишуваат на здравата исхрана и активниот начин на живот. Зулина се присети на детството поминато во пливање и риболов.

-Сè беше свежо. Немавме фрижидер - рече таа.

Нејзината сестра Зораиде додаде: „Доењето е исклучително важно.“ Сестрите воделе прилично обични животи. Левита работела како занаетчија, а подоцна во телевизиска станица. Зораиде била медицинска сестра и одгледала пет деца, додека Зулина, домаќинка, подигнала шест.

Најстарата Левита на својот живот гледа без каење. „Имав убаво детство и младост. Не можам да се жалам.“

Извор: index
Фото: принтскрин/јутјуб

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот