X
 26.02.2021 Живот

А1 со нова атрактивна понуда

Со А1 Combo попуст од 20.000 денари за смартфон или смарт-телевизор

А1 Македонија со големо задоволство ја најавува најновата промоција креирана да одговори на корисничките потреби на целото семејство, деловните субјекти и физички лица и воведува можност за зголемено количество мобилен интернет и зголемен попуст за нови смарт-телефони и дигитални уреди што го прават секојдневието многу поедноставно.

Од денеска во портфолиото на А1 Македонија, како дел од понудата во А1 Combo, достапна е најновата промоција со која постојните и нови корисници на пакетот А1 Net M+ TV M со две мобилни линии A1 Neo M+ добиваат супербрз интернет, ТВ со најквалитетна слика на пазарот, вклучени Арена Спорт канали и до 20.000 денари попуст за кој било тип нов уред што ќе го изберат од богатата понуда на А1.

- Новите дигитални алатки овозможуваат сè поинтересни начини да останеме поврзани со најблиските. Инспирирани од потребите на корисниците да ги истражуваат новите можности и да го исполнат секојдневието со повеќе забавни содржини, креиравме специјална промоција со која добиваат многу повеќе интернет и голем попуст за смартфон или телевизор по избор. Конвергентната понуда останува во главен фокус: корисниците што ги користат сите телекомуникациски услуги во А1 секогаш добиваат најмногу вредност со најатрактивни цени и релевантни содржини приспособени на нивните потреби - изјави Елена Панова, директорка на продажба и маркетинг за приватни корисници од А1 Македонија.

Со најновата промоција на А1, корисниците на мобилната телефонија кои ќе склучат нов договор или ќе направат обнова на тарифниот модел А1 Neo M+ добиваат 30 GB мобилен интернет, како и можност да изберат нов смарт-телефон по најповолни цени, а дополнително, ја добиваат и опцијата за замена на неискористените гигабајти сочувани во А1 Net Sef за други услуги.

Со оваа најнова промоција, А1 Македонија ја потврдува својата заложба за креирање производи и услуги кои придонесуваат за поедноставна и богата комуникација и премиум корисничко искуство.

Повеќе детали за понудата можете да најдете на www.A1.mk
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот