X
 18.01.2020 Живот

Понуда за работа од соништата - на ирски остров без струја, интернет и без топла вода

Бласкет, остров што се наоѓа на брегот на Ирска, бара двајца луѓе што ќе се преселат таму и ќе работат шест месеци - од април до октомври, објави туристичкиот центар на овој остров минатата недела на твитер-профилот.

- Се бара единствена позиција - долгорочно управување со сместувањето и кафулето на островот. Пар или двајца пријатели. Од 1 април 2020 до октомври 2020 година. Обезбедени се сместување и храна - пишува на твитот иако не е наведена платата за таа работа.

Бласкет е најголемиот остров од групата острови наречени Бласкети кои се наоѓаат на западниот брег на Ирска.

Островот е познат по својата дивина, но неговиот недостапен терен го прави ненаселено подрачје. Според магазинот „Смитсонијан“, најголем број  луѓе што живеат на островите е 160.

На веб-страницата на островот Бласкет пишува дека во последните неколку години се реставрирани многу куќи и се обезбедени погодности за посетителите на островот. Но, пишува и дека питката вода е ограничена, така што се бара од посетителите да донесат своја.

Освен тоа, островот нема интернет, струја или топла вода за туширање.

- Интензивна и тешка, но едноставна позиција - вели Алис Хајс, одговорна за објавување огласи за работа.

- Тоа е враќање на основата - оган, свеќи, шпорет на дрва, дивина и природа - додава таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот