X
 26.04.2018 Живот

Погледнете кои земји во Европа нудат најголема стартна плата за млади професионалци

За многумина наоѓањето работа по дипломирањето е голема задача која бара безброј аплицирања, интервјуа и преживување на многу разочарувачки одбивања. Но, штом еднаш ќе стапнете на таа скала, првата професионална работа може да биде профитабилен бизнис со плати кои во некои европски земји надминуваат 90.000 долари за влезна позиција.

Платите варираат низ Европа, па јазот меѓу првите и последните на листата е поголем од 55.000 долари, а најплатените професионалци генерално се во Северна Европа, каде што се најпросперитетните нации.

Еве во кои земји во Европа младите професионалци ја земаат најголемата плата.

15. Шпанија - 32.157 долари

14. Велика Британија - 36.256 долари

13. Италија - 36.896 долари

12. Франција - 41.877 долари

11. Ирска - 42.864 долари

10. Финска - 46.299 долари

9. Шведска - 47.152 долари

8. Холандија - 47.627 долари

7. Австрија - 50.009 долари

6. Белгија - 50.967 долари

5. Луксембург - 55.718 долари

4. Германија - 56.685 долари

3. Норвешка - 59.713 долари


Фото: Business Insider

2. Данска - 63.021 долар



Фото: Business Insider

1. Швајцарија - 96.160 долари



Фото: Business Insider
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот