На нова мапа на Европа изработена од „Брилијант мапс“ е прикажано колку литри жесток алкохол просечно се консумира годишно по лице во секоја држава. Во оваа анализа се опфатени пијалаци како вотка, виски, рум, бренди, ликер и ракија.
Потрошувачката е поделена во пет категории. Земјите каде што годишно се пие од 0 до 1 литар се обележани со светложолта боја, а во највисоката категорија се оние каде што просечната консумација надминува 3,5 литри годишно.
Македонија се најде во групата со најниска консумација на жесток алкохол, со само 0,9 литри годишно по лице, слично како и Босна и Херцеговина - 0,6 литри. Хрватска и Словенија имаат нешто повисоки резултати, 1,3 односно 1,4 литри. Повеќе од Македонците пијат граѓаните на Бугарија - 5 литри годишно, Црна Гора - 3,2 литри и Србија со 2,4 литри по лице.
Фото: Brilliant Maps
Меѓу „шампионите“ во Европа се Летонија со 5,3 литри, Литванија со 5, Белорусија со 4,7 и Полска со 4,4 литри годишно. На спротивниот крај се Италија, Норвешка, Шведска и Турција, каде што консумацијата на жесток алкохол е најниска, односно под 1 литар годишно.
Фото: Freepik