X
 26.04.2026 Живот

За изборот на нов ректор на УКИМ, повќебоецот Огнен Стефановски, менаџерот за продажни вештини Гоце Митев... Што пишувавме неделава

Интервју со Гоце Митев, менаџер за продажни вештини: „На мојата улога гледам како на привилегија да се биде пионер во создавање систем што ќе трае“

„Пивара Скопје“ е компанија со повеќе од еден век историја, каде што традицијата и иновациите се преплетуваат меѓу себе притоа создавајќи не само пиво, туку и приказни, емоции и брендови кои се дел од културното живеење. Како изгледа да се работи зад брендот што со децении е симбол на македонската автентичност?

Огнен Стефановски е повеќебоец - од непостојна дисциплина стигна до најдобар резултат во Македонија

Огнен Стефановски е наш најдобар повеќебоец на сите времиња и рекордер во повеќе атлетски дисциплини. Тој повторно ја испиша историјата на македонската атлетика, на националното првенство во седмобој во Словенија успеа да постигне вкупно 5.223 поени, со што постави нов национален рекорд.

Орото „Копачка“ ги чува македонската традиција, култура и идентитет, вели Перса Стојановска, автор на новата монографија за орото

„Ехото на дамарите на пијанчани - Копачката“ го отсликува процесот на впишувањето на орото „Копачката“ во УНЕСКО, неговата одржливост преку најразличните проекти во текот на првите десет години од впишувањето, постигнатите резултати, но и ги потенцира предизвиците и потребите за решавање приоритетни прашања

Кој ќе биде новиот ректор на УКИМ - Биљана Ангелова или Дарко Данев?

Ректорот е раководен орган на Универзитетот, тој го претставува и го застапува Универзитетот во земјата и во странство. Во моментов во тек е изборот за нов ректор на кој се пријавени двајца кандидати


Издвојуваме

Живот