Едно семејство бара идеален кандидат за необична работа - да биде придружник на нивното куче. Личноста што ќе ја добие работата ќе живее на приватен имот, а нејзина главна задача ќе биде грижа за миленичето.
За позицијата „придружник на куче и помошник на имотот“ семејството нуди плата од 60.000 евра годишно, со куќичка на имотот. Партнерите и домашните миленици се добредојдени, а сите трошоци се покриени. Работата е со полно работно време, од недела до четврток, од 9 до 18 часот, со одредена флексибилност кога семејството престојува на својот имот во Сари.
Во описот на работата се наведува: „Бараме доверлива и грижлива личност за позицијата придружник на куче и помошник на имотот во приватно домаќинство. Оваа улога подразбира постојано присуство на имотот, грижа за добросостојбата и секојдневната рутина на семејното куче, како и давање поддршка на остатокот од домаќинството. Избраниот кандидат ќе биде еден вид чувар на домот, обезбедувајќи надзор над имотот додека сопствениците се присутни или отсутни. Ова е идеална можност за некој што ужива во мирна средина и сака да одржува уреден и функционален дом.“
Главниот дел од работата се однесува на грижата за кучето, секојдневно внимание, дружење и следење на рутината. Обврските се хранење, нега и општото здравје на животното.
Кандидатот ќе го следи однесувањето на кучето и ќе води дневник за неговите активности, вклучувајќи оброци, прошетки и посети кај ветеринар, грумер или тренер кога е потребно.
Во огласот, објавен на веб-страницата „Ачив хоспиталити“ во Велика Британија, се нагласува дека ова не е класична работа за одржување домаќинство, но се очекува извршување на помали задачи, одење во набавка и помош во организацијата и одржувањето на имотот.
Повеќе информации за оваа необична работа и начинот на пријавување се достапни на achievehospitality.com.
Фото: freepik