Гостувајќи во поткастот „Авордс Чатер“, 83-годишниот актер зборуваше за проблемите со менталното здравје што ги имал во раната возрасна доба. Она што на крајот му помогнало бил неговиот прв час по глума на факултетот.
Додека студирал на колеџот „Рипон“ во Висконсин, Харисон се борел со она што денес го опишува како депресија.
- Ќе станев од креветот во еднокреветната соба, ќе отидев до телефонот, ќе нарачав пица, ќе се вратев и ќе легнев додека пицата не стигнеше. Ќе ја изедев пицата и повторно ќе заспиев. Имав еднокреветна соба и имав предавања на кои требаше да одам, но ретко излегував. А во ретките пригоди кога ќе отидев до училницата, често само ќе ја допрев вратата и ќе се вратев назад. Бев повеќе од депресивен. Мислам дека бев болен - вели Форд.
Она што го поттикнало да пронајде друштво и да изгради систем на поддршка бил неговиот низок просек на оценки. Во обид да го подобри просекот, го запишал предметот Драма. Форд се присети дека прочитал само дел од описот на предметот, во кој пишувало дека програмата ќе вклучува читање и анализа на драмски текстови.
Она што не го прочитал било дека студентите мора да учествуваат во претстави - нешто што никогаш претходно не го правел.
- Сфатив дека луѓето што ги сметав за чудаци и аутсајдери, всушност, беа меѓу најинтересните луѓе што ги запознав. Правеа нешто што јас не го разбрав докрај, раскажуваа приказни за животот и за самото живеење, а некои од нив имаа исклучителна способност за разбирање на човечкото однесување. Мислам дека едноставно го пронајдов своето место меѓу раскажувачите. Тоа ми го промени животот - вели Харисон.
Потоа Харисон изгради легендарна кариера долга повеќе од пет децении.
Фото: принтскрин/јутјуб